У605И/18: Идеологија, политика и уметност во средновековна Македонија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја на уметност | VI | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Елизабета Димитрова
Цели на предметната програма:
Стекнување сознанија за историскиот развој на средновековното културно наследство на Р. Македонија во контекст на историските, социјалните и политичките прилики кои се рефлектирале во визуелната сфера на уметничкото творештво преку специфични и за македонската територија автентични програмски, иконографски и ликовни одлики.
Содржина на предметната програма:
Идеолошки основи на ликовното творештво во сферата на средновековното монументално сликарство создадено на територијата на Р. Mакедонија. Улогата на држава и црквата во креирањето на ликовни ансамбли со идеолошки и политички пораки. Значењето на ктиторите во конфигурацијата на програмските и иконографски одлики на фрескоаранжманите од XI до XV век. Ктиторските композиции и нивниот иконографски, ликовен и естетски асамблаж.
Литература:
1. Е. Димитрова, С. Коруновски, С. Грандаковска, „Средновековна Македонија“, Македонија. Милениумски културно-историски факти, Медиа Принт, Скопје, 2013
2. С. Коруновски, Е. Димитрова, Византиска Македонија. Историја на уметноста на Македонија IX-XV век, Просветно дело, Скопје, 2006
3. Е. Димитрова, В. Лилчиќ, К. Антевска, А. Василески, Матка. Културно наследство, Данте, Охрид, 2011
4. E. Dimitrova, “The Portal to Heaven. Reaching the Gates of Immortality”, Niš & Byzantium. Collection of scientific works V, University of Niš, 2007
5. A. J. Wharton, Art of Empire. Painting and Architecture of the Byzantine Periphery, Pennsylvania State University Press, 1988
6. E. Dimitrova, “V. I. Personalities in Medieval Macedonia”, Folia Archaeologica Balcanica III, Faculty of Philosophy, Skopje, 2015