У5033/18: Методологија на историјата на уметноста

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностV4+26

Наставник: д–р Снежана Филипова

Цели на предметната програма:

Запознавање со развојот на Методологијата како дисциплина и истражувачите кои придонеле за проширување на областа, поимите и методите. Развивање на вештини на интерпретација и презентирање на ликовните дела според утврдени стандарди и методи, кои подразбираат оспособеност на студентот да пронајде соодветна литература за проблемот што го анализира и проучува , да ја користи и цитира истата, како и да знае да направи стручен опис во склоп на инвентарна книга, извештај или конкурс, елаборат, проект, потоа презентација на делото од сите стручни аспекти, подготовка на текст за каталог, или лична карта, како и датотека за одделни споменици, примена на методот на аналогија, компарација и стилска класификација. Со запознавање и анализирање на различните методолошки пристапи студентот се стекнува со способност критички да размислува при интерпретацијата на уметничките форми, дела и процеси, и да проникне во суштината на научното познание, така усвојувајќи ги неговите хумани вредности.

Содржина на предметната програма:

Појава на методологијата на историјата на уметност. Првите колекционери, збирки и музеи. Најраширена дефиниција или традиционално сваќање на методологијата. Улогата на Винкелман, Виенската школа, придонесот на Кондаков, Покровски, Лазарев, Панофски, Грабар, Бјалостоцки, Беквит, Талбот Рајс и др. во развојот на Методологијата, нејзините области на проучување и методи. Област на методологијата форма и содржина во уметноста, визуелна перцепција, валоризација на дело, поим оригиналност. Појава на одделни методи на анализа на уметничко дело-историски, иконографски, иконолошки, компаративен, стилски, дискурзивна анализа и т.н. Делови на научен и стручен труд, начин на цитирање на монографии, трудови во научно списание, енциклопедии, речници, онлине литература и т.н. Современи светски и национални истражувачи и стручна референтна литература. Стручна терминологија. Стручни библиотеки и онлајн датотеки, сајтови.

Литература:

1. Ervin Panofsky, Meaning in the Visual Arts (заклучок), Princeton University Press, 1981

2. Роберт Вилијамс, Теорија на уметноста, Европа 92, Кочани, 2014

3. Andre Grabar, Christian Iconography, Princeton University Press, 1968

4. Ото Бихаљи Мерин, Ревизија на уметноста, Скопје, 1986

5. Anna D’ Alleva, Methods and Theories of Art History, Laurence King Publishing, London, 2015

6. A. Badurina (ur.), Leksikon ikonografije, liturgike i simbolike zapadnog kršćanstva, Sveučilišna Naklada Liber, Kršćanska sadašnjost, Institut za povijest umjetnosti, Zagreb, 1985