У5023/18: Историја на европската нововековна уметност во епохата на барокот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностV4+26

Наставник: д–р Татјана Филиповска

Цели на предметната програма:

Цели на предметната програма се студентите да стекнат сознанија за ликовниот аспект на културното наследство на западноевропската цивилизација во епохата на барокот и да добијат визуелни информации за делата и техниките на најзначајните уметници и спомениците. Тие треба да бидат оспособени стилски да ја препознаваат уметноста на епохата по региони, но и на творештвото на поединечни автори кои оставиле најсилен печат во рамките на истата.

Содржина на предметната програма:

Историско-политичките прилики во Европа во XVII и XVIII век, религија, книжевност и наука. Ликовните уметности и архитектурата во епохата на барокот. Контрареформацијата и нејзините импликации врз создавањето на барокниот стил. Антибарокната уметност во протестантска Европа. Рококо стилот, неговата распространетост, карактеристики и претставници.

Литература:

1. A. Prater, H. Bauer, Painting of the Baroque, (Epochs and Styles), Taschen, Köln, 1997

2. Група автори, Sculpture, from the Renaissance to the present day, Taschen, Köln, 1999

3. G. Bazin, Barok i rokoko, Svet umetnosti, Jugoslavija, Beograd, 1975

4. M. Craske, Art in Europe 1700-1850, Oxford University Press, New York, 1997

5. R. H. Fuchs, Duch painting, Thames and Hudson, London, 1996

6. M. Levey, Rococo to Revolution, Oxford University Press, 1966

7. R. Toman (ed.), Baroque Architecture-Sculpture-Painting, Konemann, 2004