У5013/18: Средновековна уметност во Македонија 1
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја на уметност | V | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Елизабета Димитрова
Цели на предметната програма:
Стекнување сознанија за културната историја, уметничките тенденции, ликовните трендови и визуелната естетика на средновековните сакрални споменици лоцирани на територијата на Р. Македонија, применливи во анализата на одликите и значењето на македонската средновековна културна ризница.
Содржина на предметната програма:
Историско-политички контекст на македонското средновековие – периодизација на уметничката продукција. Општ осврт врз развојот на македонското средновековно градителство – типологизација и хронологизација на сакралните градби и нивните архитектонски решенија. Архитектурата во времето на првиот културен подем на Словените во Македонија. Средновизантиски градителски матрици. Архитектонска продукција во периодот на палеологовската уметничка практика. Средновековна декоративна пластика – програмски, иконографско-стилски и естетски анализи.
Литература:
1. Е. Димитрова, С. Коруновски, С. Грандаковска, „Средновековна Македонија“, Македонија. Милениумски културно-историски факти, Медиа Принт, Скопје, 2013
2. С. Коруновски, Е. Димитрова, Византиска Македонија. Историја на уметноста на Македонија IX-XV век, Просветно дело, Скопје, 2006
3. П. Кузман, Е. Димитрова, Охрид sub specie aeternitatis, Данте, Охрид, 2011
4. Б. Тодић, Српско сликарство у доба краља Милутина, Драганић, Београд, 1998
5. A. J. Wharton, Art of Empire. Painting and Architecture of the Byzantine Periphery, Pennsylvania State University Press, 1988
6. S. Korunovski, E. Dimitrova, Painting and Architecture in Medieval Macedonia, Kalamus, 2011