У4013/18: Средновековна европска уметност 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностIV4+26

Наставник: д–р Снежана Филипова

Цели на предметната програма:

Студентите да поседуваат знаења од областа на средновековна уметност со кои можат самостојно да препознаваат и валоризираат уметнички дела од развиениот среден век, да усвојат соодветна стручна терминологија што потоа може да ги применат во изучувањето на предметите кои временски се надоврзуваат на прегледот на европската уметност, како и при изработка на дипломска работа, пишување статии, рецензии на книги и при едукација.

Содржина на предметната програма:

Појава и развој на романичкиот и готичкиот стил во ликовните уметности на Европа, Британија и на Балканот, како и во деловите на Византија освоени од крстоносците, со посебен осврт на задоцнетата појава на романиката во Србија, Македонија и Грција. Доминација на архитектурата врз другите уметности, и во нејзини рамки на црковните објекти и религиозни дела. Витражот како нова техника во сликарството. Француските портали со богати рељефи наспроти едноставните германски црковни влезови. Италијанските галерии на фасадите, тосканското обложување на црквите со двобоен мермер, арапското и византиско влијание во романиката на јужна Италија. Распростирањето на новите монашки редови и специфичната архитектура врзана со нив. Промена на анонимноста на уметноста со готиката. Интензивен развој на применетата уметност преку крстови и реликвии, доминацијата на таписеријата во световната уметност. Зачувани замоци, палати и градски јадра. Појавата на готиката со Св. Денис во Париз. Систем на потпорни лаци, готички лак. Конзервативниот однос кон новиот стил во Британија и Италија. Ослободување од влијанието на византиската уметност во сликарството на Италија. Најдолго градените готички катедрали во Европа. Борба за освојување на висината и англиската „ниска готичка градба“. Тореутиката и италијанските бронзени врати како најава за ренесансните црковни врати, ретките зачувани примери на дрвени врати од Германија, Италија и Македонија.Улогата и статусот на уметникот во општеството. Појава на првите универзални уметници, претходници на ренесансниот гениј.

Литература:

1. Rolf Toman, Romanesque Architecture, Sculpture, Painting, Ralf Konemann, Köln 1997

2. Achim Bednorz, Gothic Architecture, Sculpture, Painting, Ralf Konemann, Koln 1998, 2004

3. Hans Hoffstater, Kasni srednji vek, Otokar  Keršovani, Rijeka, 1968

4. Ingo F. Walther, Norbert Wolf, Masterpieces of Illumination, Taschen, Köln, London 2005.

5. Filipova Snežana, ”Romanesque art in Macedonia”, Issues and Resources for the Study of Medieval Europe, Committee on Centres and Regional Associations of the Medieval Academy of America, Budapest – Krakov – Prague, 2001, 16-18.

6. Филипова Снежана, „Фантастични фигурални претстави на декоративната скулптура во средновековна Македонија и споредба со фантaстиката во фрескоживописот“, MN 9, 12-35, Скопје, 1999.