У204И/18: Античка уметност во Македонија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностII2+26

Наставник: д–р Марјан Јованов

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со најзначајните уметнички остварувања од античкиот период од територијата на Р. Македонија. Стекнување на знаења за уметноста во класичниот, хеленистичкиот и римскиот период, за влијанијата на соседните култури и нивните уметнички дострели врз развојот на уметноста во античкиот период на тлото на Р. Македонија.

Содржина на предметната програма:

Појава и развој на античката уметност во Македонија. Први импорти на уметнички дела од хеленскиот свет. Појава на архитектурата, јавни градби од профан и сакрален карактер. Сликани вази од Р. Македонија, камена пластика, теракоти, применета уметност и уметничко занаетчиство, локална продукција и импорт.

Литература:

1. В. Битракова Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во СР Македонија, Скопје, 1987

2. В. Соколовска, Античка скулптура во Македонија, Скопје, 1987

3. Група автори, Македонија уметничко наследство, Скопје, 1995

4. Група автори, Македонија, милениумски факти, Скопје, 2014

5. П. Кузман, Е. Димитрова, Охрид, Скопје, 2011

6. М. Јованов, Античка бронза во Македонија, Скопје, 2008