У2013/18: Античка уметност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја на уметност | II | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Марјан Јованов
Цели на предметната програма:
Запознавање на студентите со најзначајните уметнички остварувања во хеленската, етрурската и римската културна сфера од областа на архитектурата, сликарството, сликарството на вази и вајарството. Стекнување знаења за хронолошката поделба на хеленската, етрурската и римската култура, за појавата на монументалната архитектура, архитектонските стилови, за развојот на вајарството, сликарството и уметничкото занаетчиство.
Содржина на предметната програма:
Појава и развој на хеленската уметност. Архитектонски остварувања, стилови и типови на градби, видови на керамички вази и нивната намена. Стилови и начини на декорација на садовите. Појава на скулптурата, развојни фази, карактеристики и најзначајни вајари. Светилиштата како културни центри. Хеленизмот како културен феномен, центри на хеленистичката уметност, и најзначајни дела. Појава и развој на етрурската и римската уметност. Ѕидно сликарство во Етрурија и Рим, римска архитектура, типови на градби. Етрурска и римска скулптура.
Литература:
1. Pol Kartlidž, Kembridž, Ilustrovana istorija Antičke Grčke, Stylos, Novi Sad, 2007
2. F. Durando, Drevna Grčka, Zagreb, 1999
3. J. Boardman, J. Grifin, O. Murray, The Oxford illustrated history of the Roman World, Oxford, 1986.
4. B. Gavela, Istorija umetnosti antičke Grčke, Beograd, 1969
5. H. V. Janson, Istorija umetnosti, Beograd, 1978
6. O. J. Brendel, Etruscan Art, New York, 1995