У1023/18: Историја на уметноста на стариот век

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностI4+26

Наставник: д–р Марјан Јованов

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаење за појавата на уметноста како феномен, развојот и најзначајните уметнички остварувања во древниот Египет, Месопотамија, уметничките дострели во источниот Медитеран и Егеја. Праисториската уметност во континентална и западна Европа. Студентите да развијат способност за културно и хронолошко вреднување на уметничките дела.

Содржина на предметната програма:

Појава и развој на уметноста во Европа: палеолитска уметност, мезолитска, неолитска, уметноста во бронзеното и железното време. Најзначајни уметнички дела. Уметноста во стариот Египет: архитектура, сликарство, скулптура, рељефи. Уметноста во Месопотамија и на Блискиот Исток, Сумер, Асир, Персија: архитектура, скулптура, рељефи. Уметноста во источен Медитеран и Егеја, Киклади, Крит, Микена, троја: архитектура, скулптура, сликарство, уметничко занаетчиство.

Литература:

1. W. Torbrudgge, Nastajanje Evrope, Rijeka, 1978

2. A. Siliotti, Egipat, hramovi, ljudi i bogovi, Zagreb, 1999

3. F. Durando, Drevna Grčka, Zagreb, 1999

4. B. Gavela, Istorija umetnosti antičke Grčke, Beograd, 1969

5. H. V. Janson, Istorija umetnosti, Beograd, 1978

6. F. Bourbon, Drevne civilizacije, Zagreb, 2005