Г201З/18: Старогрчки јазик (продолжителен курс)
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Старогрчки јазик и античка книжевност | II | 3+3 | 6 |
Наставник: д–р Валериј Софрониевски
Цели на предметната програма:
Да се добијат пошироки познавања од морфологијата,синтаксата и лексиката на грчкиот јазик и да се стекне опитно створазбирањето и анализата на грчките текстови од разни видови, напишани со различни стилови и ставени во различен културно-историски контекст.
Содржина на предметната програма:
Преку прилагодени и автентични текстови избрани од познати прозни и поетски дела од старата грчка книжевност,студентите ја усвојуваат грчката дескриптивна граматика на повисоко ниво. Редовните толкувања и анализи на текстовите ја истакнуваат важноста на културно-историскиот контекст за правилно исчитување на текстовите. Курсот претставува заокружување на изучувањето на јазикот и културата на старите Грци и исполнување на квантумот знаења претпоставен за солидно познавање на нормативите на старогрчкиот јазик и нивна апликација прифилолшка анализа на класичните грчки текстови.
Литература:
1. JACT, Читање грчки – граматика, речник,вежби, Скопје:ТРИ 2009
2. JACT, Читање грчки – текст,Скопје: ТРИ 2009
3. Валериј Софрониевски, Морфологија на старогрчкиот јазик, Скопје:ФзФ 2013
4. Валериј Софрониевски,Старогрчко–македонски речник(развоен), Скопје:ФзФ 2017
5. JACT, The World of Athens, Cambridge University Press 2008
6. Dukat, Z., Gramatika grčkoga jezika, Zagreb:Školska knjiga 1983
7. Hornblower, S.-Spawforth, A., Oxford Classical Dictionary, revised third edition, Oxford University Press 2003