Г601З/18: Грчка историска морфологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Старогрчки јазик и античка книжевност | VI | 3+3 | 6 |
Наставник: д–р Елена Џукеска
Цели на предметната програма:
Студентите се запознаваат со основите на грчката морфологија на името и глаголот во рамките на индоевропското семејство јазици и специфичниот развој на имињата и глаголите во грчкиот јазик за да може подобро да ја разбираат граматиката на грчкиот јазик и полесно да ги препознаваат и анализираат формите на зборовите и за да ги продлабочат своите знаења од грчкиот јазик.
Содржина на предметната програма:
Студентите преку овој предмет се запознаваат со одликите на името, начините на формирање на грчките имиња во споредба со другите индоевропски јазици, падежните наставки и нивниот развој, синкретизмот на падежите, со одликите на глаголскиот систем, начините на формирање на глаголските основи и времиња во споредба со другите индоевропски јазици, одликите на финитните и инфинитните глаголски форми, начините, залогот.
Литература:
1. L. Sihler, New Comparative Grammar of Greek and Latin, Oxford University Press, New York – Oxford 1995
2. G. Horrocks, Greek. A History of the Language and its Speakers, Wiley-Blackwell, Chichester/Malden MA 2010
3. F. R. Adrados, A History of the Greek Language: From Its Origins to the Present, Brill, Leiden-Boston 2005
4. P. Chantraine, Morphologie historique du grec, Klincksieck, Paris 1967
5. В. Станишић, Увод у индоевропску филологију, Чигоја штампа, Београд 2006 6. R. S. P. Beekes, Comparative Indo-European Linguistics: An Introduction, John Benjamins Publishing Company, Amsterdam – Philadelphia