Г802З/18: Рецепција на класичната култура

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностVIII3+36

Наставник: д–р Светлана Кочовска-Стевовиќ

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат способност да ја реорганизираат класиката како дисциплина, да го променат сфаќањето за класиката каконешто фиксирано и завршено и да се здобијат со сознанието дека антиката и светот по неа(особено современиот) се наоѓаат во постојан и отворен дијалог низ кој взаемно серазјаснуваат. Студентите ќе развијат способноста за критичко и имагинативноинтерпретирање и анализа на различните репрезентации на антиката восовремениот свет.

Содржина на предметната програма:

Содржините на овој курс ги испитуваат различнитеначини на рецепција на античкиот свет во современата култура. Се разгледуваат начините на кои се присвојуваат, реконцептуализираат и реконтекстуализираат материјалната и духовната култура, сликите и спомените од класичниот свет (ликови, приказни, уметнички облици,концепти, општествена и политичка пракса, обичаи и верувања, и т.н.) и интеракциите, односно влијанијата што во тој процес на восприемања ги трпат подоцнежните култури, особено современата. Се проучуваат различните восприемања (пренесувања, прилагодувања и искористувања) на класиката и сето она што го подразбира терминот “класично”, во книжевноста, во филмската и ТВ уметност, во театарот, во сериозната и вопопуларната музика, во стрипот и т.н.

Литература:

1. Lorna Hardwick and Christopher Stray, eds., A Companion to Classical Receptions, Blackwell Publishing 2008

2. Charles Martindale and Richard F. Thomas, eds., Classics and the Uses of Receptions, Blackwell Publishing 2006

3. Martin M. Winkler, Cinema and Classical Texts, CambridgeUniversity2009Press

4. Solomon Jon,, The Ancient World in the Cinema, New Haven,London: YaleUniversityPress2001

5. Martin M. Winkler, ed., Classical Myth and Culture in the Cinema, Oxford University Press 2001

5. Избор на уметничка литература, филмови, серии, стрипови, претстави, музички дела и сл., што се определуваат на почетокот од семестарот.