Л601З/18: Латинска историска морфологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Латински јазик и античка книжевностVI3+36

Наставник: д–р Елена Џукеска

Цели на предметната програма:

Студентите се запознаваат со основите на латинската морфологија на името и глаголот во рамките на индоевропското семејство јазици и специфичниот развој на имињата и глаголите во латинскиот јазик за да може подобро да ја разбираат граматиката на латинскиот јазик и полесно да ги препознаваат и анализираат формите на зборовите и за да ги продлабочат своите знаења од латинскиот јазик.

Содржина на предметната програма:

Студентите преку овој предмет се запознаваат со одликите на името, начините на формирање на латинските имиња во споредба со другите индоевропски јазици, падежните наставки и нивниот развој, синкретизмот на падежите, со одликите на глаголскиот систем, начините на формирање на глаголските основи и времиња во споредба со другите индоевропски јазици, одликите на финитните и инфинитните глаголски форми, начините, залогот.

Литература:

1. M. Weiss, Outline of the Historical and Comparative Grammar of Latin, Beech Stave Press, Ann Arbor – New York 2009

2. L. Sihler, New Comparative Grammar of Greek and Latin, Oxford University Press, New York – Oxford 1995

3. J. Clackson and G. Horrocks, The Blackwell History of the Latin Language, Blackwell Publishing, Malden (USA) – Oxford 2007 (UK) – Carlton (Victoria, Australia)

4. G. Meiser, Historische Laut- und Formenlehre der lateinischen Sprache, WBG, Darmstadt 2006

5. В. Станишић, Увод у индоевропску филологију, Чигоја штампа, Београд 2006

6. R. S. P. Beekes, Comparative Indo-European Linguistics: An Introduction John Benjamins, Publishing Company, Amsterdam – Philadelphia 2011