Л203З/18: Секојдневниот живот во Хелада и Рим

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Латински јазик и античка книжевностII3+36

Наставник: д–р Весна Димовска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат способност да ја согледаат социјалната историја на старите Хелени и Римјани, корелициите на севкупната античка култура со културата на живеењето, како и компетенцци за толкување на суштината и значењето на специфичните институции, обичаи и организациски структури.

Содржина на предметната програма:

Раѓање и умирање; семејство; образование; живеалишта; начин на исхрана; облека; јавни простори; јавен живот (општествени должности на градското население, живот на село, забава и слободно времe); верувања, обреди и култови; фестивали. Овие теми ќе бидат обработувани и преку преводи на одбрани изворни текстови поврзани со секојдневниот живот.

Литература:

1. Фласелјер Р., Грција во времето на Перикле, AEA издавачи 2002