К302З/18: Латински јазик (напреден курс)

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаIII3+36

Наставник: д–р Весна Димовска

Цели на предметната програма:

Студентите да ги утврдат своите знаења од дескриптивната граматика на латинскиот јазик (морфологија и синтакса), да го прошират лексичкиот фонд и да се оспособат за самостоен превод и анализа на изворни текстови од латински на македонски јазик. Да стекнат компетенции за самостојна анализа и интерпретација на синтаксичките структури.

Содржина на предметната програма:

Зборообразување (коренски, изведени и сложени зборови); синтакса на падежот (датив и аблатив); синтакса на сложена реченица (временски, причински, последични, условни, допусни, споредбени и односни реченици); превод и детална јазична анализа на одбрани изворни текстови од латински на македонски јазик. Студентите користат референтни дела (граматики и речници).

Литература:

1. Димовска-Јањатова В. – Кочовска-Стевовиќ С., Пакет на материјали за предметот Латински јазик – напреден курс (предавања, вежби, одбрани текстови и прашања), 2016

2. Софрониевски В., Латинско-македонски речник, Бигос, 2001

3. Gortan V. – Gorski O. – Pauš P., Latinska gramatika, Školska knjiga, 2003

4. Стевановиќ Б. – Зографска Е., Избор на латински текстови (Хрестоматија – Коментар – Речник), Универзитет „Кирил и Методиј“, 1982

5. Ernout A. – Thomas F., Syntaxe Latine, Éditions Klincksieck, 1964

6. Woodcock E. C., A new Latin Syntax, Bolchazy-Carducci Publishers, 1959