КВ406И/18: Византиска археологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Класична филологија | IV | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Ирена Теодора Весевска
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени знаења за процесите на развој на материјалната култура на Византија, нејзините видови, елементи и да се развие способност за анализа на спецификите и значењето на археолошкиот материјал од византиската култура.
Содржина на предметната програма:
Развој на византиска археологија како сегмент на средновековна археологија. Историски, културни, хронолошки и духовни карактеристики на Византиската Империја, како и на племињата од Големата преселба на народите кои имале значително влијание на Византија. Запознавање со материјална култура-накит, оружје, монетоковање, керамика и живеалишта.
Литература:
1. Баришиħ et al., Византиски извори за историју народа Југославије, Том I-II, САНУ, 1966-1986
2. Манева, Е., Средновековен накит од Македонија, КЖ, 1992
3. Laiou, A. E. & Maguire, H. (ed.), Byzantium, A World Civilization, Harvard University Press, 1992
4. Острогорски, Георги, Историја на Византија, Скопје, 1992
5. Ковачевиħ, Ј., Аварски Каганат, САНУ, 1977
6. Кazhdan, A. P., The Oxford Dictionary of Byzantium, Vol. I-III, Oxford University Press, 1991