КВ405И/18: Византијци – приватен живот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаIV2+16

Наставник: д–р Александар Атанасовски

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења за приватниот живот на населението што живеело на територијата на Византија, нивните секојдневни обврски и активности.

Содржина на предметната програма:

Трансформација на римската империја во Византиска; градот и селото; политичко уредување и општествени слоеви; правосудство; црковен живот, христолошки расправи и вселенски собори; православие, свештенство; државата и црквата; финансии; селска и градска економија; време, календар, ден, час и мерење на времето; животно доба, крштевање, венчавање и погреб; задгробен живот. Сиромавиот, селанецот, селски населби, селско производство и техника, сточарство, живеење и покуќнина, облека, селска заедница, власт, неприлики; Воена организација, војникот и неговата дејност, улогата на војникот во државата, војникот и смртта; Професорот, улогата на професорот во општеството, филозофот, реторичарот; жената, три фази во животот на жената, жената надвор од домаќинството, жените од царската фамилија, царици и принцези; вработен човек, епископ; државен чиновник, начин на вработување, положба на чиновникот; Царот, симболи на власта, избор и ингеренции, структура на власта, ограничувања; светецот, кој е светецот? Хагиографија светецот во општеството.

Литература:

1. Гуљелмо Кавало, Византинци, CLIO, Београд, 2006

2. Мишел Каплан, Византија, CLIO, Београд, 2008

3. Александар Атанасовски, Византинци – начин на живот, Тримакс, Скопје, 2017

4. Василка Тъпкова-Заимова; Димитар Димитров; Пламен Павлов, Византия и византийскиот свет, Просвета, София, 2011

5. Александар Атанасовски, Матиј Властар, Синтагма, Тримакс, Скопје, 2016

6. Јован Белчовски, Совети и раскази од Кекавмен, Македоника Литера, Скопје, 2015