К503З/18: Латинска историска фонетика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаV3+36

Наставник: д–р Елена Џукеска

Цели на предметната програма:

Студентите се запознаваат со основите на латинската фонетика во рамките на индоевропското семејство јазици и специфичниот развој на латинскиот гласовен систем за да може подобро да ја разбираат граматиката на латинскиот јазик и полесно да ги препознаваат и анализираат формите на зборовите и за да ги продлабочат своите знаења од латинскиот јазик.

Содржина на предметната програма:

Студентите преку овој предмет се запознаваат со местото на латинскиот јазик во рамките на индоевропското семејство јазици, настанувањето и развојот на латинската абецеда, методите на проучување на латинската историска фонетика, развојот на гласовниот систем на латинскиот јазик во споредба со другите индоевропски јазици, промените кај вокалите и консонантите и развојот на консонантските групи.

Литература:

1. M. Weiss, Outline of the Historical and Comparative Grammar of Latin, Beech Stave Press, Ann Arbor – New York, 2009

2. A. L. Sihler, New Comparative Grammar of Greek and Latin, Oxford University Press, New York – Oxford, 1995

3. J. Clackson and G. Horrocks, The Blackwell History of the Latin Language, Blackwell Publishing, Malden (USA) – Oxford (UK) – Carlton (Victoria, Australia), 2007

4. G. Meiser, Historische Laut- und Formenlehre der lateinischen Sprache, WBG, Darmstadt, 2006

5. В. Станишић, Увод у индоевропску филологију, Чигоја штампа, Београд, 2006

6. R. S. P. Beekes, Comparative Indo-European Linguistics: An Introduction, John Benjamins, Publishing Company, Amsterdam – Philadelphia, 2011