КА604И/18: Читање латински текстови

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаVI2+26

Наставник: д–р Светлана Кочовска-Стевовиќ

Цели на предметната програма:

Да се развијат кај студентите способности за филолошко толкување и компетенции засамостојно преведување на класични латински текстови со детална морфолошко-синтаксичка и стилистичка анализа, со што ќе можат да извлечат заклучоци за контекстуалните, содржинските и јазичните особености на дадените текстови. Прекуевалуација на сопствените и други преводи да го развиваат литературниот и јазично-културниот сензибилитет.

Содржина на предметната програма:

Oбработка на автентични прозни и поетски дела од римската литература, со воочување наспецифичностите во стилот кај различните автори и фонетската, морфолошката и синтаксичката структура на одделни дела, препознавање архаизми, дијалектни форми и сл.Во текот на изведувањето на програмата се допираат и други теми, како етимологија,семантика, разни аспекти на историската граматика и др. Фокусот е на разбирањето натекстот и на дооформување на знаењата за синтакса на зависните реченици и индиректниотговор. Курсот нуди и уводни основи на теоријата и праксата на преведувањето.

Литература:

1. Избор на автори, Избор на дела од едицијата Oxford Classical Texts, Oxford University Press, Oxford

2. Избор на автори, Избор на дела од едицијата Loeb Classical Library, Harvard University Press, Cambridge, MA – London, Englаnd

3. Избор текстови што се определува на почетокот на семестарот

4. Ernout – Thomas, Syntaxe latine, Paris 1972

5. Baker, Mona, In Other Words: A Coursebook on Translation, Routledge 1992

6. Glare P. G. W., Oxford Latin Dictionary, Oxford: Clarendon Press 1982