КА803И/18: Дидактика на класичните јазици

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаVIII2+26

Наставник: д–р Весна Димовска

Цели на предметната програма:

Студентите да се оспособат за практична настава во средните и основните училишта; теоретските знаења од старогрчки и латински јазик им ги пренесат на учениците создавајќи целосна претстава за античката цивилизација и значењето на културното наследство за европската култура, како и посветувајќи внимание на воспитно-образовните и етичките начела на античката култура. Да се оспособат да користат современи методи и техники на настава, информатичка технологија и електронски ресурси. Да се оспособат за евалуација на знаењата на учениците.

Содржина на предметната програма:

Теорија на дидактиката на класичните јазици. Преку вежбите и практичната настава студентите се упатуваат на модерни наставни техники и методи соодветни за примена во наставата по класичните јазици, користење на електронски ресурси и информатичка технологија. Се оспособуваат преку наставата да ја акцентираат многукратната присутност на антиката во современиот свет, особено на наша почва.

Литература:

1. Димовска В. и други, Docendo discimus. Развој и имплементација на мастер студии по дидактика на класичните јазици, „Антика“ 2008

2. Шијачки-Маневић, Б., Методика наставе латинског језика, 1998

3. Статии од областа објавени во списанието SYSTASIS (www.systasis.org)

4. Статии од областа објавени во списанието Latina et Graeca.