КВ205И/18: Историја на Византија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Класична филологија | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Александар Атанасовски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за општествено-политичкиот развој на византиската империја и народите што живееле во неа; да ги согледаат движечките сили што довеле до прогрес или регрес; за историографски начин на мислење и развој на интерес за истражување; критичка анализа на изворите.
Содржина на предметната програма:
Развој на византологијата; територија и население; создавање на византиската империја и борбата за опстанок; Големата преселба на народите и Византија; кодификација на правото; Јустинијан и Ираклиј; Византија и соседите од 6 до 12 век (Персија, исламскиот свет, Балканот, Норманите). Македонската и Комнинската династија; политичко и административно уредување; шизмата; Ангелите; крстоносните војни и Византија; Латинска империја; Палеолозите, Византија второстепена политичка сила, залезот на Византија.
Литература:
1. Георги Острогорски, Историја на Византија, Мисла, Скопје, 1992
2. Георги Острогорски, О веровањима и схватањима Византинаца, Просвета, Београд, 1976
3. Фјодор Успенски, Историја византијског царства, т. 1-3, Цептер, Београд, 2000
4. Василка Тъпкова-Заимова, Димитър Димитров, Пламен Павлов, Византия и византийският свят, Просвета, София, 2011.