К201З/18: Старогрчки јазик (продолжителен курс)
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Класична филологија | II | 3+3 | 6 |
Наставник: д–р Валериј Софрониевски
Цели на предметната програма:
Да се добијат пошироки познавања од морфологијата, синтаксата и лексиката на грчкиот јазик и да се стекне опитноство разбирањето и анализата на грчките текстови од разни видови, напишани со различни стилови и ставени во различен културно-историски контекст.
Содржина на предметната програма:
Преку прилагодени и автентични текстови избрани од познати прозни и поетски дела од старата грчка книжевност, студентите ја усвојуваат грчката дескриптивна граматика на повисоко ниво. Редовните толкувања и анализи на текстовите ја истакнуваат важноста на културно-историскиот контекст за правилно исчитување на текстовите. Курсот претставува заокружување на изучувањето на јазикот и културата на старите Грци и исполнување на квантумот знаења претпоставен за солидно познавање на нормативите на старогрчкиот јазик и нивна апликација при филолшка анализа на класичните грчки текстови.
Литература:
1. JACT, Читање грчки – граматика, речник, вежби, Скопје: ТРИ, 2009
2. JACT, Читање грчки – текст, Скопје: ТРИ, 2009
3. Валериј Софрониевски, Морфологија на старогрчкиот јазик, Скопје: ФзФ, 2013
4. Валериј Софрониевски, Старогрчко-македонски речник, (развоен) Скопје: ФзФ, 2017
5. JACT, The World of Athens, Cambridge University Press, 2008
6. Dukat, Z., Gramatika grčkoga jezika, Zagreb: Školska knjiga, 1983
7. Hornblower, S.- Spawforth, A., Oxford Classical Dictionary, revised third edition, Oxford University Press, 2003