К101З/18: Старогрчки јазик (почетен курс)

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаI3+36

Наставник: д–р Валериј Софрониевски

Цели на предметната програма:

Да се воведат во старогрчкиот јазик студентите кои немаат претходни познавања од овој јазик, за да се обезбедат основни знаења од граматиката, од читањето и од пишувањето на старогрчки јазик.

Содржина на предметната програма:

Овој курс претставува увод во јазикот и културата на  старите Грци. Со напредувањето низ учебните степени, студентите постепено ја учат лексиката, морфологијата и синтаксата на јазикот. Лекциите се приспособени од различни изворни старогрчки дела, а донесуваат широк преглед на животот во Атина од почетокот на Пелопонеските војни во 431 пр. Хр., па сè до крајот на петтиот век пр. Хр. И подоцна. Одбраните текстови ги објаснуваат и елаборираат основните одлики на класичната атинска култура.

Литература:

1. JACT, Читање грчки – граматика, речник, вежби, Скопје: ТРИ 2009

2. JACT, Читање грчки – текст, Скопје: ТРИ 2009

3. Шијачки-Маневић, Б., Граматика грчког језика, Београд: ΠΛΑΤΩ 2001

4. JACT, The World of Athens, Cambridge University Press 2008

5. Валериј Софрониевски, Морфологија на старогрчкиот јазик, Скопје: ФзФ 2013