СС805И/18: Планирање на семејство, родност и родителство
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | VIII | 2+2 | 4 |
Наставник: д–р Аница Драговиќ
Цели на предметната програма:
Студентите ќе можа да стекнат продлабочени знаења за планирањето на семејството, родноста и родителството: Студентите ќе можат да стекнат способности и вештини за практична примена на знаењето за советување во процесот на планирањето на семејството и одговорното родителство. Студентите ќе стекнат компетенции за планирање, организација, реализација и евалуација на програмите за планирање на семејството и одговорното родителство.
Содржина на предметната програма:
Вовед: концпетот на планирање на семејството, родноста и родителството. Планирање на семејство и одговорно родителство: еволуција и уогата на програмите за планирање на семејството. Репродуктивното здравје и планирање на семејството. Концпетот на одговорно родителство во контекст на човековите права. Фактори на влијание на различни пристапи за планирање на семејството, родноста и родителството. Репродукцијата и родителството. Индивидуални вредности и здравствено однесување. Практични пристапи и симулации за планирање на семејството. Приказ и анализа на современите пристапи на комуникациските стратегии за планирање на семејството. Анализа на ситуации. Планирањето на семејството во Македонија. Мониторинг и евалуација на стратегиите за планирање на семејството.
Литература:
1. Јовановиќ, А., Родноста и планирањето на семејството во Република Македонија, Филозофски факултет, Скопје, 1998, 53-104
2. Rašević, M., Planiranje porodice kao stil života, IDI, Beograd, 1999
3. Dragović, A. „Fertility in the Republic of Macedonia” in Selected Research papers in Social Change, education, Labour Market, and Criminology, Johannes-Kepler-Universität, Trauner Verlag, Vol. II, 2011
4. The global programme to enhancing reproductive health commodity, UNFPA 2013
5. World Health Organization Department of Reproductive Health and Research (WHO/RHR) and Johns Hopkins Bloomberg School of Public Health / Center for Communication Programs (CCP), Family planning: A global handbook for provider, Baltimore and Geneva: CCP and WHO 2011 (update).