СС708И/18: Семејството и раната интервенција на деца со пречки во развојот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | VII | 2+2 | 6 |
Наставник: д-р Александра Каровска Ристовска
Цели на предметната програма:
Стекнување на знаења за давање поддршка на деца со пречки во развојот и нивните семејства и зголемување на нивните капацитети за подобрување на семејниот квалитет на живот. Стекнување на вештини за изработка на индивидуални семејни планови со цел имплементација на сервисите за раната интервенција во веќе поставените семејни рутини.
Содржина на предметната програма:
Видови развојни тешкотии. Деца родени со фактор на ризик. Рана интервенција на деца со пречки во развојот. Цели на раната интервенција. Легислатива поврзана со сервисите за рана интервенција. Рана детекција на деца со пречки во развојот. Цели на семејно-ориентираната рана интервенција. Семејно ориентирана процена. Изработка на индивидуален семеен план. Сервиси за рана интервенција. Спроведување на интервенции кои ги поддржуваат моторните, когнитивните, социо-економските, комуникативните и адаптивните вештини. Транзиција од сервисите за рана интервенција во инклузивни средини.
Литература:
1. Sharon A. Raver, Dana C. Childress, Family-Centered Early Intervention: Supporting Infants and Toddlers in Natural Environments, Paul H. Brookes Publishing Company, 2014
2. Xinrui Li, Milon Potmesil, Early intervention for children with developmental disabilities – a family centered approach, Univerzita Palackeho v Olomouci, 2016
3. Hannah Sukkar, Carl Dunst, Jane Kirkuby, Early Childhood Intervention: Working with families of Young Children with Special Needs, Taylor and Francis, 2016
4. Jack Shonkoff, Samuel Meisels, Handbook of Early Childhood Intervention, Cambridge University Press, 2000