СС705И/18: Инвалидноста и семејството
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | VII | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Оливера Рашиќ – Цаневска
Цели на предметната програма:
Стекнување на знаења за тоа што претставува инвалидноста и сродните термини кои се применуваат, знаења за видовите и степените на инвалидност и нивното влијание врз семејството. Запознавање на студентите со видовите на семејства и начинот на нивно функционирање без и во присуство на член со инвалидност, како и стекнување на вештини за помош и поддршка на семејствата во чии рамки живеат лица со инвалидност, деца со пречки во развојот (посебни образовни потреби).
Содржина на предметната програма:
Поим за инвалидност; Дефинирање на инвалидноста; Видови на инвалидност: интелектуална попреченост, аутизам и первазивни развојни растројства, оштетување на видот (слепи и слабовидни), оштетување на слухот (глуви и наглуви), телесна инвалидност и моторни нарушувања, оштетување на говорот и гласот, комбинирани пречки, хронично болни лица; Поим за семејство; Видови на семејства (улоги и врски во семејството); Влијание на инвалидноста врз семејството (потешкотии и предизвици) – Раѓање на дете со инвалидност; Прв период на информирање и помош од стручно лице; Први реакции на родителите; Одгледување на дете со пречки во развојот; Грижа за возрасно лице со инвалидност; Односот на браќата и сестрите кон лицето (детето) со инвалидност; Родители со инвалидност; Начини на помош и поддршка за семејствата со членови со инвалидност (сервисни служби и институции).
Литература:
1. Чичевска – Јованова Наташа, Рашиќ – Цаневска Оливера, Рана интервенција на деца родени со ризик фактор, Филозофски факултет, 2013
2. Петров Ристо, Лица со инвалидност, Филозофски факултет, 2007
3. Matijević Dušanka, Jovanović Sokal Ljiljana, Rudić Nenad i sur., Deci je mesto u porodici, Priručnik za rad u zajednici sa porodicama dece sa smetnjama u razvoju, Gradski zavod za javno zdravlje, Beograd, 2010
4. Leutar Zdravka, Ogresta Jelena, Miličić – Babić Marina, Obitelj osoba sa invaliditetom i mreže podrške, Pravni fakultet Sveučilišta u Zagrebu, 2008
5. Hames Annette, Mccaffrey Monica, Special brothers and sisters: Stories and Tips for Siblings of Children With Special Needs, Disability or Serious Illness, Jesica Kingsley, London, 2005
6. Paul W. Power, Arthur E. Dell Orto, Families Living with Chronic Illness and Disability Interventions, Challenges, and Opportunities, Springer, 2004