СС701З/18: Семејството во мултикултурните општества

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииVII3+26

Наставник: д–р Ирена Авировиќ

Цели на предметната програма:

Предметот им овозможува на студентите да се запознаат и сензибилизираат со прашања и концепти поврзани со семејството и мултикултурализмот, етничката разновидност, идентитетот и толеранцијата. Студентите ќе имаат можност да развијат аналитички вештини и способност за критичко размислување преку компаративни студии и дебати за различни мултикултурни опшетства. Предметот им помага на студентите да ги разберат предизвиците на живеење во мултикултурно општество, особено во полето на комуникациите, образованието и професионалниот домен. Дополнително, студентите ќе

бидат поттикнати да спроведат индивидуални и групни истражувања на различни теми поврзани со семејствата во македонското мултикултурно опшетство.

Содржина на предметната програма:

Мултикултурни општества: концепт, контекст и предизвици. Модели на мултикултурализам. Мултикултурализмот во САД, Австралија и Германија (културен идентитет, домородни групи и имиграциски групи). Мултикултурализмот во Македонија (етнички групи, идентитет и јазик). Стереотипи, дискриминација и толеранција во семејството, образовните институции и опшетството. Семејството и различностите: надминување предрасуди врз основа на етничка припадност, род, пол, националност, религија или култура.

Литература:

1. Kymlicka, W., Norman, W., eds., Citizenship in Diverse Societies, Oxford University Press, 2003

2. Höhn, C., Avramov, D., Kotowska, I.E., eds., People, Population Change and Policies, Lessons from the Population Policy Acceptance Study Vol. 1: Family Change, Springer, 2008

3. Banting, K., Kymlicka, W., eds., Multiculturalism and the Welfare State, Recognition and Redistribution in Contemporary Democracies, Oxford University Press, 2006

4. Coleman, M., Ganong, L. H., Warzinik, K., Family Life in 20th Century America, Greenwood Press, 2007