СС607И/18: Доживотно учење

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииVI2+26

Наставник: д–р Елена Ризова

Цели на предметната програма:

Студентите ќе стекнат научни и продлабочени знаења за основните теориски постулати и концепции за доживотното учење. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критичка опсервација на современите тенденции во сферата на доживотното учење. Стекнатите компетенции ќе им овозможат континуирано учење и професионален и личен развој.

Содржина на предметната програма:

Општествено-економска и политичка заснованост на доживотното учење; Развојот на идејата за доживотно учење; Концептот на доживотно учење – од идеологија до реализација; Концептот на доживотно учење во Република Македонија; Клучни компетенции за доживотно учење; Легислативна поставеност на доживотното учење; Техники за доживотно учење; Градење култура за учење; Подобрување на квалитетот на учењето; Стратегии за доживотно учење во Европа.

Литература:

1. Велковски, З., Lacrimae Mundi, Педагошки завод на Р. Македонија, 2005

2. Комисија на европската унија, Меморандум за доживотно учење, Комисија на европската унија, Брисел, 2000

3. European Commission/EAC EA/Eurydice, Adult education and training in Europe: Widening Access to Learning Opportunities, EACEA, 2015

4. UNESCO, Education 2030, Incheon Declaration – Ensure inclusive and equitable quality education and promote lifelong opportunities for all, UNESCO, 2015

5. Совет на Европа, Резолуција за доживотно учење, Совет на Европа, 2002

6. Комисија на европската унија, Примена на стратегиите за доживотно учење во Европа, Комисија на европската унија, Брисел, 2003

7. Council of European Union, Council Resolution on a renewed European agenda for adult learning, Council of European Union, 2011

8. Ризова, Е., Возрасните и писменоста, Филозофски факултет, Скопје, 2015