СС508И/18: Семејството и проблемите на стареењето

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииV2+26

Наставник: д–р Сунчица Димитријоска

Цели на предметната програма:

Да се запознат студентите со социо-медицинските, економските и други аспекти на староста и старењето и однесувањето на старите лица во семејството или поширока средина, како и на основните формите на поддршка на старите лица.

Содржина на предметната програма:

Теории за стареењето. Староста и семејството. Ризици во староста. Промени во семејната структура и семејните односи. Функционални и дисфункционални семејства. Meѓународна и национална правна рамка за заштита и унапредување на правата на старите лица. Меѓугенерациски врски како системи на поддршка на старите лица. Потребите на старите лица. Проценка и планирање на услугите за старите лица. Неформална и формална поддршка.

Литература:

1. Lapčević M, Žigić D., Gerijatrija, Beograd: Ražnatović Press, 2001

2. Димитријоска С., Национални програми и бенифиции во рамки на системот на социјална заштита на РМ , ГИЗ, 2011

3. Национална стратегија за старите лица 2010-2020, Влада на РМ 2010