СС507И/18: Историја на жените

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииV2+26

Наставник:   д-р Ирена Авировиќ

Цели на предметната програма:

Предметот им овозможува на студентите да ги разберат постигнувањата, придонесот и виталната улога на жените во текот на човечката цивилизација. Посебен акцент ќе биде ставен на анализата на улогата на жената во семејството и општеството во различни култури и историски периоди. Студентите ќе имаат можност да го развијат нивниот сензибилитет и да се здобијат со основни познавања за придонесот на жената во историјата.

Содржина на предметната програма:

Историја на жените и нивната улога низ историјата. Жените во антиката. Жените во Средниот век, ренесансата и просветителството. Жените, бракот, работата и семејството низ историјата. Жените во литературата и уметноста. Историја на движењето на жените. Жените во политиката. Положбата на жените во современото општество.

Литература:

1. Диби, Ж., Перо, М., Историја на жените, Од антички божици до христијански светици, Филозофски факултет, Евро Балкан Пресс, 2011

2. Диби, Ж., Перо, М., Историја на жените, Молкот на средниот век, Филозофски факултет, 2013

3. Диби, Ж., Перо, М., Историја на жените, Парадоските на ренесансата и просветителството, Филозофски факултет, 2015

4. Buturović, A., Schick, I. C., Women in the Ottoman Balkans, I. B. Tauris 2007