СС506И/18: Семејните односи и развојот на сексуалниот идентитет

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииV2+26

Наставник: д–р Боби Бадаревски

Цели на предметната програма:

Студентите да се стекнат со систематизирано знаење и разбирање на појавноста и развојот на сексуалниот / родовиот идентитет (хетеросексуалност, интерсексуалност, трансродност, нехетеросексуалност) и неговите социјални аспекти во рамките на семејството (објава на сексуалниот идентитет, прифаќање, одбивање, стигма, поддршка, професионална помош, итн.). На тој начин, студентите ќе се оспособат да даваат стручна и компетентна поддршка на семејствата каде што ќе се појават прашања поврзани со сексуалниот / родовиот идентитет, посебно на сексуалниот / родовиот идентитет на децата и младите.

Содржина на предметната програма:

Поим за сексуален/родов идентитет; поим за сексуална ориентација; поим за хетеросексуалност, интерсексуалност, трансродност, нехетеросексуалност; потекло на сексуалната ориентација – вродена / стекната; потекло на родовиот идентитет –зададен / конструиран; видови родово-сексуални идентитети; можности за стручно-професионална помош (медицинска, социјална, правна); статусот и правата на лицата со малцински сексуален/родов идентитет.

Литература:

1. Фуко, М., Историја на сексуалност 1 и 2, Три, 2003

2. Врангелова, С., Мистеријата на сексуалната ориентација: Современи концепти и македоноски перспективи, ЕГАЛ, 2006

3. Fausto-Sterling, A., Sex/Gender: Biology in a Social World, Routledge, 2012