СС307И/18: Семејни кризи
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | III | 2+2 | 5 |
Наставник: д–р Иван Трајков
Цели на предметната програма:
Во рамките на овој предмет, студентите ќе се стекнат со основните знаења за семејството и родителската улога, како и општествената поддршка на семејството. Студентите ќе се запознаат со родителските постапки и карактеристики на односот родител-дете кои се поврзани со оптималниот развој кај децата. Стекнување со теоретски знаења за специфичните психички состојби. Состојбите на криза во семејството, состојба на стрес, причините кои ги предизвикуваат, и практично оспособат за примена на методи, техники и програми и за интервенција во криза.
Содржина на предметната програма:
Појаснување на термините криза, семејни кризи, интервенција во криза. Криза – животна криза. Медицинско клинички пристап. Индивидуално развоен пристап. Теории на животни кризи. Развојни кризи. Акцидентни кризи. Превенција на животните кризи. Кризни интервенции. Краткорочна психолошка интеграција на траумата. Семејство во криза. Развој на тим за кризни интервенции. Кризни интервенции во заедницата. Центри за кризни интервенции. Семејство и родителство во современото општетсво. Запознавање со Конвенцијата за правата на детето, особено детските права во односот родители – деца. Модели на социјализација. Доживување на родителството, родителски функции, меѓугенерациски пренос на родителство. Родителски развојни стилови и нивното влијание врз развојот кај децата. Современо мајчинство и татковство. Усогласување на родителските и работните улоги. Социјални и индивидуални ризици за дисфункционално родителство. Можност за поддршка на родителството на ниво на примарна превенција. Развој на родителски компетенции.
Литература:
1. Jelena Vlajković, Životne krize. Prevencija i prevazilaženje, Žarko Albulj, Beograd, 2005
2. Arambašić Lidija, Psihološke krizne intervencije, Društvo za psihološku pomoć, Zagreb, 2000
3. Josip Janković, Plodovi roditeljskih poruka, Etcetera, 2012
4. Arambašić Lidija, Gubitak, tugovanje, podrška, Naklada Slap, 2008