СС205И/18: Семејство, описменување и педагошка работа со ранливи групи

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииII2+26

Наставник: д–р Елизабета Томевска Илиевска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења за значењето и начините на образовна инклузија на ранливите групи. Оспособување за идентификување на образовните потреби на семејството. Идентификување на лицата од ранливите групи и развивање педагошки вештини за образовна инклузија. Оспособување за развивање интегрирани стартегии за описменување на различните возрасни групи од ранливите категории. Развивање на компетенции за практична примена наставни и воннаствни стратегии за педагошка поддршка на ранливите групи.

Содржина на предметната програма:

Образовна инклузија (поширок и потесен контекст). Писменоста како педагошки и андрагошки проблем. Алфабетска писменост. Функционална неписменост. Наставни и воннаствни стратегии за педагошка поддршка. Холостички пристап во описменувањето. Наставни стратегии за описменување. Основни јазични вештини. Социјално-педагошки модели за работа со лица од ранливите групи. Вклучување на семејствата и пошироката средина. Развивање родителски вештини. Интерактивни модели за работа со семејствата. Тимска работа. Техники и инструменти за следење на напредокот на описменувањето. Континуирано следење и вреднување на способностите на вклучените субјекти за практична примена на знаењата.

Литература:

1. Томевска Илиевска, Елизабета, Интерактивни модели за развивање на педагошките компетенции, Скопје: Филозофски факултет 2016

2. Medić, S., Milanović, M., Popović, K., Despotović, M., Funkcionalno osnovno obrazovanje odraslih, Beograd: Institut za pedagogiju i andragogiju, Filozofski fakultet, Univerzitet u Beogradu, 2011

3. Томевска Илиевска, Е., „Ефективно слушање“, Годишен зборник 59 (2006), 45-58

4. Томевска Илиевска, Е., Садудин, С., Евалуација на проектните модели „Безбедни училишта“ и „Медијација меѓу врсници“ во Република Македонија (No. 177/2014 (PR-357369) (2015), Скопје: Мисија на ОБСЕ во Скопје, 2015

5. Маус, Д., Рејнолдс, Д., Ефективна настава: истражувања и практика (Effective teaching: evidence and practice. (превод: Емилија Вељанова, стручна редакција и адаптација, проф. д–р Елизабета Томевска Илиевска), Скопје: Арс Ламина, 2017

6. Доневска, М., Богоевска, Н., Трбојевиќ, С., ИЗВЕШТАЈ од истражувањето на причините за нередовно посетување на основното образование кај децата Роми, Скопје: Фондација Институт отворено општество Македонија, 2010