СС201З/18: Историја на семејството 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииII3+26

Наставник: д–р Ирена Авировиќ

Цели на предметната програма:

Студентите ќе можат да се стекнат со основни познавања за историската и социо-културната еволуција на семејството. Ќе се запознаат со употребата на различни видови извори и методолошки аспекти при изучување на историјата на семејството, како пишан материјал, сликовити извори и археолошки докази. Преку анализата на историските извори, студентите ќе развијат основни истражувачки и аналитички вештини.

Содржина на предметната програма:

Историја на семејството: дефиниција и методи на анализа. Развојот на семејството и домаќинството во општествата основани на земјоделскиот економски систем во Европа. Организацијата на семејството и имотната сопственост во Римската Империја. Бракот, миразот и промените на семејствата во источниот Медитеран. Интеракцијата помеѓу религијата, семејството и општествените промени во Средниот век. Улогата на семејствата во земјоделските општества.

Литература:

1. Maynes M. J., Waltner, A., The Family, A World History, Oxford University Press, 2012

2. Goody, J., The Oriental, the Ancient and the Primitive Systems of Marriage and Family in the PreIndustrial Societies of Eurasia, Cambridge University Press, 1990

3. Nathan, G., The Family in Late Antiquity, The Rise of Christianity and Endurance of Tradition, Routledge, 2000

4. Saller, R. P., Patriarchy, Property and Death in the Roman family, Cambridge University Press, 1994