СС104И/18: Педагогија на слободно време
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | I | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Анета Баракоска
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни сознанија за педагогијата на слободното време како научна дисциплина и можностите за педагошко делување во слободното време на децата и младите, да се стекнат знаења за организацијата, принципите, постапките и формите на користење на слободното време, да се развијат способности и вештини за практична примена на знаењата за организација и реализација на слободните активности на децата и младите.
Содржина на предметната програма:
Општествено-историски аспекти на слободното време; Поим за слободно време; Педагогијата на слободното време во системот на педагошката наука и нејзиниот однос со дрги науки и дисциплини; Основни претпоставки за конституирањето на педагогијата на слободното време; Теориските основи на педагогијата на слободното време; Развој на теоријата на слободното време во педагошката наука; Фактори на организирање на слободното време; Задачи на педагогијата на слободното време; Принципи на користење на слободното време; Активностите на слободното време; Развој и реализација на современата концепција на слободното време.
Литература:
1. Баракоска, Анета, Педагогија на слободно време, Филозофски факултет, Скопје, 2016
2. Баракоска, Анета, Педагогија на слободно време, Доминант, Скопје, 2004
3. Гордана Будимир Нинковић, Педагогија слободног времена (хрестоматија), Педагошки факултет, Јагодина, 2008
4. Plenković, Juraj Slobodno vrijeme mladeži, Društvo prijatelja Hrvatska Japan 2000, Rijeka
5. Koković, Dragan, Način zivota i slobodno vreme, Fakultet za sport i turizam, Novi Sad, 2008