СС101З/18: Вовед во семејни студии/Introduction to family studies

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииI2+16

Наставник: д–р Ирена Авировиќ

Цели на предметната програма:

Студентите ќе стекнат увид во научните сознанија за основните теориски и категоријални поими и концепции за семејството. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критичко размислување на современите проблеми на семејството и трендовите. Стекнатите компетенции треба да им овозможат пристап до продлабочени изучувања на семејството.

Содржина на предметната програма:

Вовед во семејството и семејниот живот (значењето на семејството и неговата „моќ“). Меѓународна споредба и развој: совремни трендови во семејството (население, кохабитација, брак, грижа за децата, развод и повторно стапување во брак, посвојувања, сами родители, сиромаштијата во семeјствата, семејството и работата, стареење на населението, мултиетничко општество). Теориски пристапи за семејството и семејниот живот (семејни идеологии, модерни теории, постмодерни). Развој на семејните студии. Семeјствата во општеството. Децата во семејствата. Партнeрството. Родителство.

Литература:

1. Bernardes, J., Family studies: An introduction, Taylor & Francis, 2002

2. Ацески.И., Социологија стр. 682-687, Филозофски факултет, Скопје, 2013

3. Segalan, M., Sociologija porodice, CLIO, 2009

4. Shehan L.C., Тhe family issues reader, SAGE Publications, 2017

5. Andersen, G. E., Families in the 21st Century, Centre for Business and Policy Studies (SNS), Stockholm, 2016