БОМ408И/18: Цивилно општество, мирот и безбедноста

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирIV3+16

Наставник: д–р Горан Зенделовски

Цели на предметната програма:

Се очекува студентите да стекнат теоретски знаења за современото цивилно општество и општествените движења, како и за граѓанските здруженија кои се насочени кон решавање на националните и глобалните проблеми.

Содржина на предметната програма:

Генеза, поим и дефинирање на цивилното општество; Поврзаноста на цивилното општество со мирот и безбедноста; Форми и облици на граѓански здруженија (актери, движења, иницијативи, кампањи, коалиции); Позитивни и негативни страни на цивилното општество; Улогата на државата, меѓународните организации и недржавните актери во концептите на глобалното цивилно општество, мирот и безбедноста; Граѓанскиот активизам и неговото влијание врз мирот и безбедноста во 21 век; Глобализација и глобалното ризично општество; Антиглобализациски движења; Алтернативни облици и начини на спротивставување преку ненасилен цивилен отпор; Ненасилно дејствување во функција на мирот и стабилноста; Карактеристики на граѓанското општество во Р. Македонија.

Литература:

1. Ванковска Б., Меѓународна безбедност: критички пристап, Филозофски факултет, 2011

2. Зенделовски Г. и Нацев З., Глобализација, мирот и безбедноста, Филозофски факултет, 2014

3. Cortright D., Greenberg M. and Laurel Stone, Civil Society, Peace, and Power, Rowman &  Littlefield Publishers, 2016

4. Џин Шарп, Самостојна одбрана: без банкротство или војна,Балкански центар за мир, Филозофски факултет, 1994