БОМ405И/18: Невоени аспекти на безбедноста

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирIV3+16

Наставник: д–р Митко Котовчевски

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за научните достигнувања и закономерностите од областа на безбедноста со посебен акцент на невоените аспекти на безбедноста и развивање на нивните способности за научно следење, детектирање, и прогноза во сите облици на невоени загрозувања на безбедноста на сите нивоа (од хумана до глобална безбедност). Исто така, значајна цел ќе биде создавање на солидна научна основа за успешно следење и освојување на знаења од другите научни области во мировно-безбедносната сфера. Паралелно ќе се прават научни продори во расветлување на историската перспектива и современата перспектива на односот помеѓу безбедноста, загрозувањата и мирот.

Содржина на предметната програма:

Теории за безбедност; Поим и содржината на безбедноста; Видови на безбедност; Односот помеѓу традиционалните и глобалните безбедносни студии; Загрозувања, поим, суштина и класификација; Облици на загрозувања на мирот и безбедноста; Намерни и ненамерни опасности на безбедноста; Безбедноста и човековите права; Намерни и ненамерни закани за животот; (Не)намерни закани за здравјето; (Не)намерни закани за економската благосостојба; (Не)намерни закани за околината; (Не)намерни закани за политичките права; Природни и човекови опасности за опстанокот; Меѓусебната поврзаност и условеност на главните глобални проблеми (Пренаселеноста, неразвиеноста на политичките права и слободи, идеолошкиот национализам и војната); Хиперинфлацијата, голема депресија, криза на глобалните долгови, природна деградација, трката во нуклеарно вооружување како извор на загрозување на безбедноста и мирот; Соодносот помеѓу опасностите и заканите, со посебен осврт на невоените опасности и закани; Детектирање на современите невоени загрозувања на безбедноста; Современи тенденции во развојот на невоените аспекти на безбедноста. Социјалниот идентитет како закана за безбедноста. Здравствени закани за безбедноста. Несреќите (природни, технички) како закани за безбедноста. Криминални закани за безбедноста.

Литература:

1. Митко Котовчевски, Национална безбедност, Филозофски факултет, 2011

2. Роберт Џ. Бункер, Не-државни закани и идни војни, Routledge, 2003

3. Питер Хју, Поим за глобална безбедност, Routledge, 2006