БОМ402З/18: Воена политикологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирIV3+26

Наставник: д–р Билјана Ванковска

Цели на предметната програма:

Запознавање со карактеристиките на научната дисциплина и со базичните концепти на воената политикологија, со посебен акцент на односот на војската, дражават и општеството. Стекнување на сознанија за потеклото, развојот и функционирањето на војската како институција, и за нејзините односи со демократските институции и политики. Главна цел е стекнување научни знаења и практични способности во анализа на институционално-функционалните и динамички аспекти на местото и улогата на војската во политичкиот систем на Република Македонија. Развивање критичко мислење за односот на нормативното и стварното. Студентите ќе развијат способности за анализа и критичко размислување во однос на цивилно-воените односи, особено низ призма на демократските постулати и човековите права.

Содржина на предметната програма:

Поим на војската и воената професија; односот меѓу безбедноста и демократијата; власт, моќ и авторитет; облици и детерминанти на влијанието на војската во политичкиот систем; катактеристики на воените удари и воената управа во компаративна перспектива; цивилно-воени односи; односи на војската и општеството; видови и методи на цивилна контрола врз војската; демократизацијата и цивилно-воените односи; улога на војската во внатрешната политика; улога на војската во надворешната политика.

Литература:

1. Билјана Ванковска, Воена политикологија, 2017

2. Билјана Ванковска, Војската и демократијата, Детска радост, Скопје, 1995

3. B. Vankovska – H. Wiberg, Between Past and Future: Civil-Military Relations in the Postcommunist Balkans, I. B. Tauris, 2003

4. Giuseppe Caforio (ed.), Handbook of the Sociology of the Military,Kluwer Academic Plenum Publisher, NY, 2003