М801З/18: Превентивна дипломатија и мировни операции
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VIII | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Марина Митревска
Цели на предметната програма:
Преглед на базичните концепти и прашања за диломатија. Преку разбирање на теориската рамка и примената на овој концепт, студентите треба да се оспособат да ги анализираат и да дискутираат за улогата на дипломатијата во меѓународните односи. Да ги анализираат начинот и функциите на превентивната дипломатија, како и да го анализираат придонесот на мировните мисии во чување и градење на мирот.
Содржина на предметната програма:
1. Улогата на Дипломатијата во системот на меѓународните односи: начини и средства на општење во меѓународните односи; генеза на дипломатијата; функции, задачи и начин на водење на дипломатијата; стратегија на дипломатска акција и видови дипломатија.
2. Превентивна дипломатија во современите меѓународни односи: поим и генеза на превентивната дипломатија, преговарање, фактори на успешноста на превентивната дипломатија, механизми на превентивна акција, иницијативи за навремена превенција.
3. Одржување на мирот и безбедноста во современите меѓународни односи: ООН и превентивна дипломатија. Превентивна дипломатија: инструменти на ОН (зачувување на мирот, превентивната дипломатија и миротворството, мерки за градење на доверба, утврдување факти, рано предупредување, превентивно распоредување, демилитаризирана зона. ОБСЕ и превентивната дипломатија (инструменти и механизми, соработка со меѓународни и регионални организации); НАТО и превентивна дипломатија.
4. Мировни операции: дефинирање и генеза на мировни операции; типологии на мировните операции; мировни операции на ООН (процедури, операции за поддршка на мирот, превентивно распоредување на мировни операции, превентивно распоредување-случај Република Македонија).
Литература:
1. Марина Митревска, Превентивна дипломатија и мировни операции, Филозофски факултет, 2015
2. Grizold A., Mitrevska M., Conflict Prevention and Conflict Management in the New Security Context: The case of Macedonia, Fakultet za družbene vede, Ljubljana, 2012