М605И/18: Економски развој и мирот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI3+16

Наставник: д–р Горан Зенделовски

Цели на предметната програма:

Со совладувањето на содржините од оваа предметна програма студентите се стекнуваат со знаења од областа на економскиот развој и неговото влијание на мирот и стабилноста на локален, регионален и глобален план.

Содржина на предметната програма:

Поврзаноста на економскиот развој и мирот; Поимот економски раст и економски развоj; Поим за мир и мировни истражувања; Цели на економскиот развој; Лимитирачки фактори на развојот и нивното влијание врз мирот и безбедноста; Општо за мирот и безбедноста во услови на глобални динамики; Проценка на општите извори на загрозување на мирот и безбедноста; Придонесот на меѓународните организации за економскиот развој и за зачувувањето на мирот и безбедноста; Модели за рано предупредување, превенција на конфликти и механизми за зачувување на мирот; Придонесот и улогата на Р. Македонија за зачувувањето на мирот и безбедноста во светот.

Литература:

1. Гоцевски Т., Економскиот развој и мирот, Филозофски факултет, 2011

2. Георгиева Л., Творење на мирот, Филозофски факултет, 2009

3. Galtung J., Peace by Peaceful Means: Peace and Conflict, Development and Civilization, International Peace Research Institute, Oslo, 1996