М603И/18: Цивилен кризен менаџмент
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VI | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Сергеј Цветковски
Цели на предметната програма:
Да им се овозможи на студентите преглед на базичните концепти и прашања за цивилниот кризен менаџмент. Запознавање со нормативните и практични решенија кои меѓународните организации (особено Европската унија) ги применуваат при менаџирањето на кризи и конфликти. Преку осознавање на безбедносната политика и развојот на системот за кризен менаџмент на Европската унија, студентите треба да се оспособат да ги анализираат и да дискутираат за тековните предизвици во справувањето со безбедносните кризи и можностите за подобрување на постоечкиот систем за кризен менаџмент преку подобрени инструменти и активности во функција на регионалниот и меѓународниот мир и безбедност.
Содржина на предметната програма:
1. Криза и кризен менаџмент: поим за криза и кризен менаџмент; структура на кризата;
типови кризи; криза на микро и макро ниво; однесување на кризните актери-унифициран модел; однос помеѓу кризата конфликтот и војната. 2. Кризен менаџмент на Европската унија: развој на системот за кризен менаџмент во ЕУ; инволвирање на ЕУ во кризниот менаџмент; интегриран приод кон кризниот менаџмент; управување со кризниот менаџмент (процедури за координација, цивилно-воена координација, стратегии на иновација); градење на капацитети- структура и инструменти на системот за кризен менаџмент. 3. Цивилен кризен менаџмент на ЕУ: цивилни способности; институционална обврска за Цивилен кризен менаџмент; акција на Заедницата во превенција и одговор на кризите; соработка со други организации и земји надвор од Унијата. 4. Приоритетни области на цивилниот кризен менаџмент: полиција; Зајакнување на владеењето на правото; цивилна администрација; цивилна заштита; мониторинг. 5. Способности за цивилен кризен менаџмент: Зацврстување на цивилниот кризен менаџмент на ЕУ; Улога на Високиот претставник; Рано предупредување и политичка анализа; ЕУ-мониториг мисии и специјални емисари; Улога на Комисијата на Европската унија; Меѓуинституционална соработка; Хуманитарна помош на ЕУ. 6. Тестирање на кризниот менаџмент на Европската унија на случајот со Р. Македонија. 7. Мисии на цивилен кризен менаџмент на Европската унија (Улога, генерални карактеристики, недостатоци и извлечени поуки). 8. Од цивилен кризен менаџмент до проширување (Внатрешно безбедносни цели и надворешно управување).
Литература:
1. Сергеј Цветковски, Цивилен кризен менаџмент, Филозофски факултет, Скопје, 2016
2. Сергеј Цветковски, Европската унија како актер за менаџирање кризи: Научени лекции од Р. Македонија (магистерски труд), Филозофски факултет, Скопје, 2008
3. Марина Митревска, Кризен менаџмент, Филозофски факултет, Скопје, 2008
4. Сергеј Цветковски, „ЕУ: Глобален актер во менаџирање на кризи“, Годишен зборник, Филозофски Факултет, Скопје 2010