М601З/18: Родот, мирот и безбедноста
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VI | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Зорица Салтировска
Цели на предметната програма:
Запознавање со најзначајните теоретски пристапи во анализата на реалната поставеност на половите во однос на војната и мирот и во нив објективно одиграната улога на жените. Студентите притоа треба да стекнат знаења за родовата димензија на современите војни и вооружени конфликти, влијанието на новата безбедносна средина врз улогата на жените во вооружените сили, придонесот и улогата на жените во креирањето на безбедносната политика и јакнењето на мирот, како и можностите за вклучување во мировните процеси.
Содржина на предметната програма:
Пол, род, идентитет и нееднаквост; Статусот на жените и нивната борба за еманципација и еднаков третман; Современо војување и современи армии- учество на жените; Насилството врз жените во современите војни; Современите безбедносни предизвици и безбедноста на луѓето во новата безбедносна средина; Мирот, ненасилството и жените; Мировни движења на жените; Феминистички пристапи кон мирот; Учество на жените во мировните процеси.
Литература:
1. Зорица Салтировска, Род, мир и безбедност, Филозофски факултет, 2011
2. Марија Ивановска, Водич во феминистичката и родовата терминологија, Акција Здруженска, 2007
3. Naraghi-Anderlini, Sanam B., UN Security Council Resolution 1325 and Beyond: Women, peace and security, International Alert, 2001