О806И/18: Внатрешни безбедносни политики на европската унија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VIII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Зорица Салтировска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за развојот и основните карактеристики на безбедносната политика на ЕУ, нејзиниот политички систем, безбедносната функција и правниот систем. Студентите треба да се оспособат за анализа и дискусии поврзани со политиката на слобода, безбедност и правда за сите субјекти во ЕУ како политичка заедница на суверени држави и нивните граѓани.
Содржина на предметната програма:
Историски преглед на европското обединување до Лисабонскиот договор; Договорот од Мастрихт и развој на концептот за правда и внатрешни работи; Европски институции за правда и внатрешни работи; Еволуција на идејата за Европа како простор на слобод, безбедност и правда; Судска и полициска соработка во казнената област; Соработка во борбата против тероризмот и организираниот криминал – европска мрежа во превенција на криминалот; Договорот од Лисабон – измени и реформски перспективи; Европска безбедносна и одбранбена политика – развој, институции и стратегија; Закани за безбедноста на ЕУ според европската безбедносна стратегија; Внатрешна безбедносна стратегија на ЕУ – Безбедна Европа во подобар свет; Стратегија за внатрешна безбедност на ЕУ – За европскиот безбедносен модел;Стратегија за внатрешна безбедност на ЕУ – Пет чекори кон побезбедна Европа; Стратегија на ЕУ за борба против тероризмот; Политиките на ЕУ за превенција и справување со криминалот; Програма на ЕУ за заштита на критичната инфраструктура; Идни предизвици во одржувањето и јакнењето на внатрешната безбедност на ЕУ.
Литература:
1. Зорица Салтировска, Внатрешна безбедност на Европската Унија, Филозофски факултет, 2015
2. Владо Камбовски, Правда и внатрешни работи на ЕУ, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2005
3. Т. Гоцевски, О. Бакрески, С. Славески, ЕУ низ призмата на европската безбедност, Филозофски факултет, 2007