О603И/18: Креирање на одбранбени политики

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI3+16

Наставник: д–р Горан Зенделовски

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со поимот и фазите на процесот на креирање на одбранбени политики, како и за субјектите кои учествуваат и влијаат врз креирањето на одбранбената политика. Студентите ќе се стекнат со целосна слика за начинот на креирање на политиката во одбраната, како и со знаење за нејзиното критично осмислување.

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на поимот политика; Процес на донесување на одбранбени политики (субјекти, процедури,правни акти, документи); Процес на обликување на погледите и ставовите во одбраната; Интереси и цели на надворешната и внатрешната одбранбена политика; Фактори кои ги детерминираат и определуваат општо стратегиските решенија во одбраната; Координација и соработка на институциите за реализирање на одбранбената политика; Приоритетите и насоките на трансформација на одбраната и АРМ; Компатибилност на националната одбранбена политика со НАТО и ЕУ стандардите; Развојот на одбраната низ призма на националните стратегиски документи.

Литература:

1. Нацев З. и Петровски Д., АРМ кон НАТО: концептуален приод и организационен развој, Филозофски факултет, 2009

2. Прирачник за креирање на политики, Влада на РМ, 2007

3. Долгорочен план за развој на одбраната 20112020, Министерство за одбрана на РМ, 2011

4. Група автори, Реформи во oдбраната, Министерство за одбрана на РМ, 2015