О606И/18: Миграции и конфликти

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI3+16

Наставник: д–р Тони Милески

Цели на предметната програма:

Предметната програма ќе овозможи стекнување на знаења за влијанието на миграционите движења и нивната поврзаност со појавата на конфликти. Студентите треба да се стекнат со компетенции за правилно анализирање на последично-причинските односи помеѓу миграциите и конфликтите.

Содржина на предметната програма:

Миграции и класификација на миграционите движења. Популациони движења, растеж и фактори за растеж на населението. Фактори кои влијаат на миграциониот потенцијал. Миграциони политики. Линк помеѓу миграциите и конфликтите. Климатските промени како причинители на миграциони движења. Еколошки мигранти и конфликти. Анализа на конфликти причинети од миграциони движења: глобални и регионални аспекти.

Литература:

1. Тони Милески, Миграции и конфликти – прирачник, Филозофски факултет, 2012

2. Јове Талевски, Демографија, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола, 2004