О506И/18: Цивилна заштита
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | V | 3+1 | 6 |
Наставник: д-р Сергеј Цветковски
Цели на предметната програма:
Стекнување на основни знаења за улогата на системот за Цивилна заштита (заштита и спасување) во рамките на поширокиот безбедносно-одбранбен систем. Студентите ќе се
запознаат со нормативната регулатива на заштитата и спасувањето во Македонија како и со теоретските поставки за работа во пракса на задачите за заштита и спасување на луѓе и материјални добра во структурите на системот за цивилна одбрана и организациите чија редовна активност е заштита и спасување во мир и вонредни ситуации. Тоа ќе им биде солидна основа за евентуална понатамошна изработка на проценки на загрозеност и планови за заштита и спасување.
Содржина на предметната програма:
1. Поим, предмет и метод на изучување на цивилната заштита: Активности на луѓето за
заштита и спасување низ историјата; Општествена условеност на настанувањето на цивилната заштита; Развој на цивилната заштита во светот и кај нас; Меѓународно-правен третман на цивилната заштита.
2. Вонредни ситуации и последиците кои тие ги предизвикуваат врз луѓето и материјалните добра: Видови и степен на загрозување со борбени дејства; Нуклеарно загрозување и последици; Хемиски агенси; Биолошки агенси; Видови и степен на загрозување од елементарни непогоди и други катастрофи (карактеристики на земјотрес, поплава, ветер, пожар, технички катастрофи и елементи за процена за потребите на заштитата и спасувањето).
3. Заштитата и спасувањето во системот на национална безбедност на Р. Македонија. Правни аспекти на организирање заштита и спасување (Закон за заштита и спасување на Р. Македонија и Национална стратегија за заштита и спасување).
4. Лична и взаемна заштита: засолнување на население и материјални добра; противпожарна заштита; спасување од рушевини и поплави; згрижување на загрозени и
настрадани; прва медицинска помош; РХБ заштита.
5. Мерки за заштита и спасување: Засолнување, засолништа и складишни објекти; Евакуација; Заштита и спасување од пожари (противпожарни мерки, методи и постапки,
средства и опрема); Прва медицинска помош; Ветеринарна помош; Згрижување на загрозено и настрадано население; Спасување од рушевини; Заштита и спасување од неексплодирани убојни средства; Асанација на теренот и објектите; Урбанистички мерки за заштита.
6. Планирање и подготвување на заштитата и спасувањето.
7. Улогата на организациите од особено значење за заштитата и спасувањето: хуманитарни организации, мировни движења, еколошки движења и сојузи). Соработка со меѓународни актери од областа на цивилната заштита и кризниот менаџмент.
Литература:
1. Ratko Stojanović, Zaštita i spasavanje ljudi i materijalnih dobara u vanrednim situacijama, Vojnoizdavački zavod, Beograd, 1984