О505И/18: Теории на глобализацијата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | V | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Горан Зенделовски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат општи знаења за теоретските основи на процесите на глобализација, како и развивање на способности за уочување на позитивните и негативните аспекти на глобализацијата.
Содржина на предметната програма:
Генеза, поим и дефинирање на глобализацијата; Теоретски пристапи на процесите на глобализацијата; Детерминирање на политичките, економските, културолошките, безбедносните и другите аспекти на глобализацијата; Определување на процесите на фрагментација, регионализација и интеграција; Глобализацијата и националниот суверенитет; Улогата и ставовите на меѓународните организации, институции и недржавни актери по однос на глобализацијата; Богатите и сиромашните земји во услови на глобализација; Управување со глобализацијата; Алтернативи на глобализацијата.
Литература:
1. Зенделовски Г. и Нацев З., Глобализација, мирот и безбедноста, Филозофски факултет, 2014
2. Дејвид Хелд и Мекгру Е., Управување со глобализацијата: Моќ, власт и глобално управување, Академски печат, 2010
3. Jan Art Solte, Globalizacija: kritički uvod, CID, 2009
4. Урлих Бек, Што е глобализација?, Тера Магика, 1997