Б808И/18: Безбедносни проценки
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VIII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Митко Котовчевски
Цели на предметната програма:
Посебна цел на овој предмет е оспособување на студентите за самостојна изработка на безбедносни проценки, планови, анализи на безбедносните закани, како и стекнување способност за самостојно управување со безбедносните активности во рамки на различни организации.
Содржина на предметната програма:
Поимовно дефинирање на безбедносната проценка.Значење, проценка и содржина на безбедносните проценки. Видови на безбедносна проценка. Безбедносни проценки на безбедносните предизвици, ризици и закани на општеството. Природата на безбедносните закани и нивното манифестирање во проценетиот временски период. Анализа на безбедносните закани (краткорочни, среднорочни и долгорочни). Носители (извори) на безбедносното загрозување и нивно рангирање според веројатноста на нивното пројавување и според жестокоста на нивното дејствување. Улогата на разузнавањето во донесувањето на валидни безбедносни проценки. Завршното разузнавање во функција на успешно креирање на безбедносните проценки и безбедносната политика на државата. Модели и методологија за утврдување на безбедносните закани. Методологија за оценување на индексот на глобалниот и внатрешниот тероризам. Основни проблеми и инструменти на нивоата на безбедносни анализи (глобална, меѓудржавна, национално,индивидуално ниво). Основни методи на објективно истражување на проблемите на безбедноста. Геополитички, геостратегиски анализи, новите „центри на сила“ и нивното влијание врз глобалните безбедносни проценки и анализа на безбедноста и безбедносна проценка на „малите држави“.
Литература:
1. Митко Котовчевски, Национална безбедност, Филозофски факултет, 2011
2. Митко Котовчевски, Борба против тероризмот, Македонска цивилизација, 2004
3. Џон Бејлис, Џејмс Вирц, Колин Греј и Елиот Коен, Стратегија во современиот свет, Oxford University Press, 2007
4. Brynjar Lia, Globalisation and the Future of Terrorism. Patterns and Predictions, Routledge, 2005