Б804И/18: Корпоративна безбедност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VIII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Оливер Бакрески
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни сознанија за корпоративната безбедност како интердисциплинарна и комплексна наука. Целта е студентите да ја разгледуваат корпоративната безбедност низ призмата на одредени примери и проблеми за да се оформи целосната претстава за проблемите со кои се соочуваат корпорациите од аспект на нивната работа што ќе им овозможи на самите студенти синтетичко изучувања на прашањата и да направат сублимат на анализа и синтеза на одговори на прашања кои се поврзуваат со корпоративната безбедност.
Содржина на предметната програма:
Одредување на безбедноста, општо за корпоративна безбедност, поим и содржина на корпоративната безбедност, содржина и основни карактеристики, принципи на функционирање на корпорациите, цели и задачи на корпорациската безбедност, функции на корпорациската безбедност, структура на корпорациската безбедност, состојба на корпорациската безбедност во високоразвиените земји, влијанието на корпорациската врз националната безбедност од аспект на економијата, влијанието на корпорациската врз националната безбедност од аспект на организираниот криминал, влијанието на корпорациската врз националната безбедност од аспект на информатичката безбедност, влијанието на корпорациската врз националната безбедност во доменот на интернационализацијата, функции на корпорациската безбедност во доменот на заштита на податоци.
Литература:
1. Бакрески Оливер и др., Корпорациски безбедносен систем, Комора на РМ за обезбедување на лица и имот, 2012
2. Бакрески Оливер и др., Заштита на критична инфраструктура, Комора на РМ за приватно обезбедување, 2017
3. Триван Д., Корпоративна безбедност, Досије студио, Београд, 2012
4. Private Security Services in Europe, CoESS Facts & Figures, CoESS General Secretariat, 2011