Б703И/18: Современи разузнавачки служби

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVII3+16

Наставник: д–р Митко Котовчевски

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за „процесот“ на разузнавање, за организацијата и начинот на дејствување на разузнавачките служби со цел поуспешна заштита на виталните општествени вредности од нивното разорно дејствување.

Содржина на предметната програма:

Типови, категории и нивоа на разузнавање; Разузнавачки круг; Атрибути на разузнавањето; Категории на завршното разузнавање; Разузнавачки служби; Настанување и развој на разузнавачките служби; Разузнавачки служби – состојби и тенденции; Методологија на работа на разузнавачките служби; Организација на разузнавачките служби; Видови на разузнавачките служби; Односот помеѓу разузнавањето и шпионажата; Мерки на спротивставување на разузнавачките служби; Современите контраразузнавачки служби-состојби и тенденции; Разузнавачко-безбедносната заедница на САД после 11 септември 2001 година; Форми и методи на разузнавачко дејствување; Разузнавачко безбедносни заедници на современите држави со посебен акцент на разузнавачко-безбедносните заедници на балканските држави; Разузнавачко- безбедносната заедница на Република Македонија; Демократска и парламентарна контрола на разузнавачко-безбедносните заедници.

Литература:

1. Митко Котовчевски, Современи разузнавачки служби, Македонска цивилизација, 2002

2. Митко Котовчевски, Тајните служби на Балканот, Филозофски факултет, 2008

3. Митко Котовчевски, Англиско-македонски речник на разузнавачка терминологија, Филозофски факултет, 2007

4. Томас Квигнин, Да се види невидливото: Разузнавањето за националната безбедност во несигурно време, World Science Publishing, 2007